По два дена пауза, женска јуниорска репрезентација на Македонија денеска се враќа на обврските на Евробаскетот за кошаркарки до 18 години.
Во последното коло од групата А, на шампионатот во Литванија (Б дивизија) младите македонски кошаркарки ќе играат против Ирска.
По трите убедливи порази Романија (-42), Германија (-48) и Шведска (-40), избраничките на селекторот Петровски ќе се обидат да ја остварат првата победа. Ирска како и нашата репрезентација досега ги загуби сите три натпревари, но со помала разлика. Тоа до некаде би требало да биде индикатор дека ирската е со сличен квалитет како и нашата селекција.
Победникот од овој натпревар ќе го избегне последното место во групата, а со тоа ќе разигрува за пласман од 9 до 16 место во конечниот поредок. Поразениот тим ќе разигрува за последните позиции, односно од 17 до 20 место.
Натпреварот Македонија – Ирска што ќе почне до 12 часот, може да го гледате во живо овде.




































