Пет младински македонски кошаркарски селекции летово ќе имаат настап на континенталните Европски шампионати. Први на евро-сцената ќе настапат јуниорките.
Тие се во Литванија каде ќе играат во Б Дивизијата на првенството за кошаркарки до 18 години. Нашите јуниорки ќе имаат тешка, но возбудлива задача да се наметнат против силни ривали. Селекторот Петровски верува во квалитетот и борбеноста на оваа генерација, која има потенцијал да направи значаен исчекор на меѓународната сцена.
Во конкуренција на: Романија, Германија, Шведска и Ирска, против кои ќе играат редоследно во А групата, тие ќе се обидат да остварат што е можно подобар пласман.
Според форматот на натпреварувањето, првите две селекции од секоја од четирите групи ќе обезбедат пласман во четвртфиналната фаза.
Во премиерниот натпревар денеска, македонските млади кошаркарки ќе играат против врсничките од Романија.
РАСПОРЕД МАКЕДОНИЈА – ГРУПА А (Алитус)
4 јули МАКЕДОНИЈА – Романија 12 часот
5 јули МАКЕДОНИЈА – Германија 17 часот
6 јули МАКЕДОНИЈА – Шведска 19.30 часот
7 и 8 јули СЛОБОДНИ ДЕНОВИ
9 јули МАКЕДОНИЈА – Ирска 12 часот
Сите натпревари ќе може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.




































