Македонскиот тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во францускиот град Поитие откако загуби од домашниот тенисер Вајенбург со 2-0 во сетови.

Првиот сет Французинот го доби со 6:2 во гемови.Во вториот сет беше многу понеизвесно, а македонскиот тенисер имаше предност. Но, во 10.гем при водство од 5:4 Ивановски не искористи сет топка, а потоа следуваше и тај брек. Во 13.та игра Ивановски не искористи уште една сет топка, а противникот ја искористи втората меч топка за 10-8 на поени.