И оваа седмица Арина Сабаaенка останува на врвот на ВТА ранг-листата.

Белоруската тенисерка и натаму има убедливи над 3.500 поени повеќе од Американката, Коко Гоф од која го загуби финалето на Роланд Гарос пред две седмици. Веднаш зад нив е уште една Американка, Џесика Пегула.

Четвртото и петтото место ги сменија Кинвен Женг од Кина и Италијанката, Јасмин Паолини .

Искачувањето на Медисон Кис од осмото на шестото место е исто така за одбележување, а тоа на сметка на Мира Андреева и Ига Швонтек. Полската тенисерка која повеќе од една година беше прво рангирана сега е осма.

Во ТОП-10 се и Американката, Ема Наваро и Пауола Бадоса од Шпанија кои ги сменија местата.