Македонскиот ракометен репрезентативец Томислав Јагуриновски заминува од Вардар, а кариерата ќе ја продолжи во Германија.
Јагуриновски постигнал две годишен договор со тимот на Десау Рослауер кој настапува во втората Бундес лига.
„За мене, ова е уште еден важен чекор во мојата кариера. Да излезам од мојата зона на удобност, да запознаам нова земја, нов јазик и да играм во една од четирите најдобри лиги во светот – тоа е огромен предизвик на кој навистина се радувам.
Десау-Рослауер ХВ е со богата традиција, амбициозен и етаблиран тим во Втората ракометна Бундеслига.
Се радувам на градот, луѓето и пред сè, навивачите. Ќе дадам сè од себе и ќе се борам – да бидам успешен заедно со тимот, за клубот и за навивачите“,





































