Кадетската ракометна репрезентација на Македонија со две победи против Романија ја комплетираше неделата на ЕХФ и стартот на подготовките за Светското првенство во Хрватска. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ по триумфот над Романија вчера и денеска го совладаа истиот ривал.
По вчерашниот минимален триумф од 31:30, денеска Македонија победи со 32:28.
Нашата репрезентација имаше водство во првиот дел и на полувреме беше 15:12, но упорните гости брзо стигнаа до изедначување 19:19 и потоа 27:27. Сепак финишот им припадна на нашите ракометари, кои со добрата одбрана и серијата од 5-0 ја обезбедија победата.
Светското првенство во Хрватска ќе се игра од 2 до 13.август.
Македонија е во Ф групата што ќе се игра во Риека заедно со селекциите на Норвешка, Црна Гора и селекцијата на Гвадалупе која победи на „IHF Trophy“ што се играше во Костарика.