Новак Ѓоковиќ е последниот, четврти тенисер, кој обезбеди пласман во полуфиналето на Мастерсот во Мајами.
Најтрофејниот светски тенисер го совлада домашниот тенисер, Американецот, Себастијан Корда во два сета.
Во мечот што траеше час и 24 минути, Ѓоковиќ потврди дека полека, но сигурно се враќа во форма.
Го доби првиот сет со 6-3, а во вториот тај-брејкот на поени со 7-4.
Ѓоковиќ во полуфиналето на турнирот за противник ќе го има Бугаринот, Григор Димитров.

































