Македонскиот тенисер Калин Ивановски загуби во четвртфиналето на фјучрсот во Кретеј, Франција од домашниот тенисер Тристан Ламасин со 2-1 во сетови (6:7 (3:7), 7:6 (7:1) и 7:6 (7:5)).
Мечот во кој се одиграа максимални 39 гема му припадна на домашниот тенисер Ламасин, а траеше 3 часа и 41 минута притоа Ивановски спаси една меч топка во 10-тиот гем од третиот сет на свој сервис.
Првиот сет мина во изедначена игра, а првиот брејк го направи нашиот тенисер и поведе со 5:4, во противникот во следниот гем направи ри-брејкс за 5:5. Во „13.та игра“ (тај брек) Ивановски беше подобар со 7-3 на поени. Во втоирот сет немаше брејк за ниту еден тенисер, а Французинот ја доби „13.та игра“ со 7-1 на поени.
Во решавачкиот сет Ламасин поведе со 3:0 во гемови и еден брејк, но Ивановски се врати за 3:3 и така беше до 10.тиот гем кога нашиот тенисер спаси и меч топка. Во тај брекот (13.та игра) при резултат од 3-3 во поени Ивановски ја направи првата двојна сервис грешка (по 210 минути игра) и Ламасин поведе со 4-3. Нашиот тенисер се врати со два мини брејка и поведе со 5-4, но по втортата двојна сервис грешка за 5-5 Ивановски ги загуби и следните два поена што значеа победа за Французиот Ламасин.
Следната недела Ивановски ќе настапи на уште еден фјучрс во Франција.