Понеделник е резервиран за најновите тениски рангирања. Овој нема некои поголеми промени што се однесува до ТОП 10-те во светот.

Кај дамите на ВТА листата, Белорусинката, Арина Сабаленка останува на првото место. Зад неа се: Ига Швјатек од Полска и Американките, Коко Гоф, Џесика Пегула и Медисон.

Сега шеста, со пад од две места е Италијанката, Јасмин Паолини.

Мира Андреева со освојувањето на турнирот во Дубаи се искачи за пет места па сега Русинката, за првпат во кариерата влезе во ТОП 10, освојувајќи го деветтото место.

Тоа на сметка на Американката, Ема Наваро која е десетта и Паула Бадоса од Шпанија која отпадна од ТОП 10 и сега е 11. рангирана во светот.