Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го загуби мечот од првото коло на фјучрсот во Астана што се игра за награден фонд од 60.000 долари. Таа на стартот од овој турнир загуби од Нигина Абдураимова од Узбекистан (8.носителка) со 2-1 во сетови (6:2; 2:6; 6:4 во гемови).
Мечот траеше 1 час и 45 минути, а двете тенисерки освоија по 87 поени, додека Абдураимова имаше еден брејк повеќе 7 од 12 можности, а Ѓорческа 6 од 15.
Првиот сет почна со водство на нашата тенисерка од 1:0, а противничката возврати и по водството од 3:2 во гемови направи серија од три гема за да го добие првиот сет со 6:2. Во вториот сет Ѓорческа имаше водство од 4:1 и таа предност ја зачува и го доби сетот со 6:2.
Во решавачкиот сет по 1:0 за Абдураимова, македонската тенисерка направи серија од три гема за водство од 3:1. Но, со иста мерка врати и Узбекистанката за водство од 4:3. Го се решаваше мечот Ѓорческа најпрвин имаше серија од седум поени и по изедначвањето на 4:4 имаше три брејк топки за водство од 5:4, а не искористи ниту една и противничката со скор од 9:2 во поени го доби сетот со 6:4 во гемови и 2-1 во сетови.