Одбојкарската федерација на Македонија репи преку јавен конкурс да ги избере селекторите на двете сениорски репрезентации.

Имено ОФМ распиша конкурс, на кој може да се пријават заинтересираните кои ги исполнуваат условите.

„Кандидатите кои ќе аплицираат на конкурсот потребно е да ги исполнуваат следните критериуми: дипломиран професор по физичко и здравствено образование или дипломиран спортски тренер по соодветниот спорт (одбојка), завршен ФИВБ курс за тренери – LEVEL 1, да има континуитет во водење на машка/женска сениорска екипа, кратка биографија, познавање на еден светски јазик (англиски) и план и програма за работа на машката/женската сениорска репрезентација во период од четири години.

Рокот за аплицирање е до 25 декември 2024 година, по електронски пат, на меил vfmkd@vfmkd.mk.“