На денешното рангирање на женската тениска ВТА листа по долго време на првото место повеќе не е Ига Швјонтек.

Доминацијата на полската тенисерка заврши денеска, па сега таа е втора зад Белорусинката, Арина Сабаленка.

За белоруската тенисерка ова е втор пат да се врати на врвот на ВТА листата, па таа сега ја почнува својата деветта седмица како број 1. Нејзината конкурентка Швјатек беше број 1 дури 125 седмици.

Тоа е една од двете промени во ТОП 10-те. Меѓунив сега е Дарина Касаткина која е деветта на местото на Даниеле Колинс која падна на 11-тата позиција.

Најдобро рангираната македонска тенисерка Лина Ѓорческа напредуваше за пет позиции погоре, па сега е на 255-тото место.