Младинската фудбалска репрезентација на Македонија со пораз го заши циклусот на квалификации за ЕП 2025-та година.

Во последниот натпревар Макеоднија (У21) е поразена на гостувањето во Грузија со 2-1

Избраниците на селекторот Драги Канатларовски не не уверија во својот потенцијал. Со шест порази на 10-те одиграни натпревари, Македонија (12 бодови), заврши на 4.место на табелата зад неприкосновената Холандија (30), Грузија (19) и Шведска (17).

Што се однесува на денешниот натпревар, македонските младинци упатија само еден конкретен шут кон противничкиот гол.

Во 52-та минута Фисник Исаки која и донесе предност на нашата селекција од 0-1.

И тоа беше се што сторија нашите младинци. Ја препуштија играта на противникот кој знаеше како да го казни тоа. Со два гола (Гордезијани и Ломинадѕе) Грузијците направија комплетен пресврт и заслужено славеа победа со 2-1.

Со тоа заврши уште еден циклус на квалификации на една младинска македонска селекција, која е далеку од оваа која го обезбеди историскиот прв настап на континенталните првенства.