Младата фудбалска репрезентација на Македонија (У21) ја оствари четвртата победа во квалификациите за Европското првенство.

Избраниците на селекторот Канатларовски ги совладаа врсниците од Молдавија со 2-1.

Македонските младинци не си дозволија нов „кикс“ како на првиот меѓусебен натпревар. Овојпат знаеја како до трите бода во дуелот со Молдавците.

Резултатот го отвори Берат Фета со голот во 11-тата минута за водство на Македонија од 1-0. Тој резултат беше актуелен се во третата минута од судиското дополнение (90+3) кога Камбери со еврогол зголеми на 2-1. Гостите успеаја за постигнат гол на спротивната страна, но само да го ублажат поразот на 2-1.

Сега Македонија има 12 бодови, но остана на четвртото место на табелата, а така ќе биде и по последниот натпревар.

Во него македонските младинци ќе и гостуваат на трето пласираната Грузија и тоа веќе во вторник, дуел со кој ќе ги заокружат овие квалификации.