Екипата на Јанта волеј го добија големото дерби против Работнички Скопје во женското одбојкарско првенство на Македонија.
Вечерашниот меч што траеше без малку 2,5 часа, а се играше во СЦ „Борис Трајковски“ во рамките од 2.коло во Втората фаза-1 понуди исклучително интересна и докрај неизвесна одбојка.
Во реприза на ланските финални, соочувања во првенството и во купот, бранителките на двојната круна, одбојкарките на Работнички Скопје, по втор пат сезонава се совладани од Јанта волеј во пет одиграни сета со 2-3.
Првиот и третиот сет им припаднаа на гостинките од Кисела Вода кои го добија со 25-21 и 25-20. Работнички на два пати се враќаше во игра добивајќи во вториот сет со 25-14, односно третиот со 25-23, со што се избори за решавачки пети сет.
Во него, повеќе концентрација, нерви, па и среќа имаа гостинките кои го добија со 15-12 и со конечни 3:2 во сетови ја остварија 13-тата победа сезонава, втора над големиот ривал.
И покрај поразот Работнички Скопје останува лидер на табелата со скор 14-2, додека Јанта Волеј сега има 13-3, односно една победа повеќе од трето рангираниот тим на Наковски волеј кој во оваа рунда со 3:0 на гостински терен го совлада составот на Фит Фан волеј кој сега е на 7-9.