Репрезентацијата на Србија е последниот 12-ти патник од европскиот континент што ќе учествува на Светското кошаркарско првенство, претстојното лето.

Србите не дозволија изненадување па во последниот натпревар од квалификациите на домашен терен ја победија Велика Британија со 101-83 со што го освоија третото место во И групата зад Летонија и Грција.

Покрај овие три селекции „стариот континент“ на Мондобаскет ќе го претставуваат и репрезентациите на: Германија, Финска, Словенија (Ј група), Франција, Литванија, Цран Гора (К група), Шпанија, Италија и Грузија (Л група).

Светското кошаркарско првенство чиј домаќини ќе бидат, Јапонија, Индонезија и Филипини ќе се одржи од 25 август до 10 септември.