Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објавува поширокиот список на ракометари за претстојните натпревари со Португалија, во рамки од квалификациите за Европското првенство.

На списокот на кој се 35 ракометари ги нема имињата на долгогодишните репрезентативци, вардаровите крила, Дејан Манасков и Гоце Георгиевски.

Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 – 28 Јануари 2024 година во Германија.

Сениорите во рамки на ЕХФ неделата ќе одиграат натпревари против директниот конкурент за првото место, селекцијата на Португалија. Првиот натпревар сениорите ќе го одиграат на домашен терен во СЦ „Борис Трајковски” на 9 март со почеток во 19 часот, а потоа на 12 март ќе гостуваат во Порто на мечот што ќе се игра во терминот од  19:30 часот