Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со победа го почна настапот на ИТФ фјучрсот W75 Куршумлијска Бања. Таа во втората рунда (беше слободна во првото коло бидејќи е 13-та носителка) ја победи Германката Луиса Мејер ауф дер Хеиде со 2-0 во сетови (7:6(5) и 6:0) за нешто повеќе од 90 минути.
Во првиот сет се водеше голема борба. Ѓорческа поведе со 4:1 во гемови, но потоа ривалката направи серија од четири гема за водство од 5:4. Сепак Ѓорческа освои два гема за водство од 6:5, а потоа стигна и изедначувањето од 6:6 и сетот беше решен во тај брејк. Во 13-тиот гем Лина имаше две серии по два понеа што се покажа како клучно за 7:5 на поени и водство од 1:0 во сетови.
Во вториот сет Ѓорческа направи три брејка од четирите можности, а на противничката и дозволи да освои само 10 поени, од кои четири во последниот гем и со 6:0 македонската тенисерка го доби вториот сет и мечот.
Во следната рунда (осминафинале) македонската тенисерка ќе игра против првата носителка Пана Удварди од Унгарија (25 години, 135.место на ВТА листата). Ова ќе биде втор меѓусебен дуел, а во првиот Ѓорческа пред две години оствари победа од 2-0 во сетови.