Арина Сабаленка и Џесика Пегула ќе играат за трофејот на последниот годинашен Гренд-слем турнир на УС Опен.
Белорусинката, Сабаленка до своето втор финале во низа стигна со победата над Американката, Ема Наваро во два сета. Мечот што траеше еден час и 33 минути игра. втората светска тенисерка го доби со 6-3 и 7-6 (2), по
Сабаленка повторно во финалето како и лани че игра со Американка. Сега на спротивната страна на мрежата наместо Коко Гоф ќе биде Џесика Пегула.
30-годишната Пегула до своето прво Гренд-слем финале стигна со победата над Каролина Мухова од Чешка. Иако Пегула го загуби првиот сет со 1-6, следните два ги доби со 6-4 и 6-2.
Женското финале во Њујорк ќе се игра утре (сабота) во 22 часот.