Најдобрата светска тенисерка Ига Швјатек и Бразилката, Беатриз Хадад Маиа се последните две кои обезбедија месо во четвртфиналето на УС опен.
Светскиот рекет број 1, Швјатек за само 91 минута со 6-4 и 61 ја победи Русинката, Сампсонова.
Следна противничка на полската тенисерка ќе и биде Американката, Џесика Пегула.
Бразилката, Хадад Маиа за место меѓу осумте најдобри мораше да одигра два часа и 39 минути против Каролин Вознјацки.
Бразилката го доби мечот во три сета со 6-2, 3-6 и 6-3. За место во полуфиналето Хадад Маиа ќе се бори со чешката тенисерка Каролина Мучова.
Првите два пара за четвртфиналето ги сочинуваат (2-носителкја) Арина Сабаленка и олимписката шампионка од Париз, Кинвен Женг, односно Американката, Ева Наваро и Паула Бадоса од Шпанија.