Новак Ѓоковиќ нема да може да го брани трофејот на Грен-семот во Њујорк. За тоа се погрижи Алексеј Попирин кој во четири сета го елиминира Србинот во третото коло.

Еден од најлошите мечеви, не само годинава, туку и во последните неколку сезони, одигран Ѓоковиќ па на крајот мораше да му подаде рака на подобриот Попорин.

По три и пол часа игра Австралиецот со руско потекло славеше со 6:4, 6:4, 2:6 и 6:4.

Ова е прв Грен-слем од 2004 година каде во осминафиналето нема да ги има Ѓоковиќ, Федерер или Надал.

Воедно за Ѓоковиќ ова е најраната елиминација на еден Грен-слем турнир од 2017 година.