Карос Алкараз нема да има можност да стигне до третиот трофеј на Гренд слем турнирите годинава. Победникот на Роланд Гарос и Вимблдон, е елиминиран во втторото коло на УС Опен.

За сензацијата се погрижи, Ботик Ван Де Зандшулп кој во три сета го победи Шпанецот. 74-то рангираниот на АТП листата, Холанѓанец за 2 часа и 21 минута го победи со 6-1, 7-5 и 6-4 го победи Алкараз кој е трет во светот.

Затоа пак изненадување не дозволи Данил Медведев. Русинот кои е петти фаворит во Њујорк, за 2 часа и 7 минути го победи Унгарецот, Марожан. Првите два сета Медведев лесно ги доби со 6-3 и 6-2, а во третиот мораше да игра тај-брејк 7-6(7-5). Русинот во 3.коло за протовник ќе го има Коболи од Италија.