Втора тенисерка во светот, Арина Сабаленка лесно се пласираше во 2.коло на последниот Грен слем во сезоната. Минатогодишната финалистка на УС Опен, Сабаленка ја совлада Австралијката, Присила Хон во два сета.

Белорусинката мечот што траеше еден час и 19 минути на противничката во обата сета и препушти по три гема (6:3 и 6:3).

Сабаленка во 2.коло ќе игра против Лусија Бронзети од Италија, која е 76-та на ВТА листата. Нејзината противника Лулу Сан и го предаде мечот, откако италијанската тенисерка оствари предност од 1:0 во сетови.

Бранителката на титулата од лани, Коко Гош немаше проблеми против Французинката, Грашева на која и препушти само два гема.

Пласман понатаму од носителките обезбедија: (7) Женк, (12) Касаткина, (14) Кејс, (26) Свитолина…