Новак Ѓоковиќ ноќеска успешно ја започна одбраната на титулата на УС Опен во Њујорк. Во првата рунда српскиот тенисер го победи Молдавецот, Раду Абот.
Вториот тенисер во светот по два часа и седум минути ги доби трите сета си 6:2, 6:2, 6:4.
Четирикратниот шампион на УС Опен во второто коло ќе игра против својот сонародник, 109. тенисер во светот Ласло Џере. Џере денеска го совлада Германецот Јан-Ленард Штруф со 6:7, 6:1, 6:7, 6:4, 6:2.
Од фаворитите првата рунда успешно ја минаа, (4-носител) Зверев, (6) Рубљов, (8) Руд, (12) Шелтон, (16) Мусети.