Јуниорската кошаркарска репрезентација на Македонија, денеска беше на прием во Владата. Таму златните момчиња и стручниот штаб, остварија средба до Премиерот, Христијан Мицкоски и Министерот за спорт, Борко Ристовски. 

„На мое големо задоволство гости во владата беа нашите херои кои донесоа злато.

Наша обрска е да нивниот успех го следиме и создадеме услови за уште поголеми победи.

Победи кои ќе значат промоција на Македонија и создавање на нови идоли во кошарката!

Честитки момци!“, напиша Министерот, Ристовски. 

Инаку, Мицкоски и Ристовски беа дел од публиката која ги бодреше напите кошаркари на натпреварите во СЦ „Јане Сандански“ каде се одигра завршницата.