Женската јуниорска репрезентација на Македонија претрпе нов убедлив пораз на Евробаскетот во Романија.

Во натпревар од 2.коло на „Б“ дивизијата за кошаркарки до 18 години, македонските јуниорки се надиграни од Грција убедливо со 46-88.

Потсетување дека вчера младите македонски кошаркарки загубија од врсничките од Ирска со 52-86 .

Утре и задутре избраничките на селекторот Горан Крстевски се слободни. Нив ќе мора да ги искористат да сумираат каде и како да ја бараат првата победа.

Во групната фаза им остануваат уште два натпревари протов Бугарија (вторник) и Норвешка (среда).