Женската јуниорска репрезентација на Македонија го почнува настапот на континенталниот шампионат. Во Плоешти Романија, од денеска до 11 август, ќе се одржуваат натпреварите во „Б“ дивизијата за кошаркарки до 18 години.
Македонските репрезентативки во групната „А“ за противнички ќе ги имаат врсничките од: Грција, Бугарија, Ирска и Норвешка.
Според системот на натпревари селекциите се поделени во четири групи, а двете прво пласирани ќе разигруваат во четвртфиналето. Останатите ќе формираат нови две групи во кои ќе се разигрува за пласман од 9 до 18 место.
Првенството избраничките на селекторот Горан Крстевски ќе го почнат со денешниот дуел пратив Ирска што ќе се игра од 15 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ ВО ГРУПА „А“
2.август (петок) МАКЕДОНИЈА – Ирска 15.00 часот
3.август (сабота) МАКЕДОНИЈА– Грција 15.00 часот
5. август (понеделник) – СЛОБОДЕН ДЕН
6. август (вторник) МАКЕДОНИЈА – Бугарија 15.00 часот
7. август (среда) МАКЕДОНИЈА – Норвешка 17.30 часот