Светот ќе добие нов олимписки шампион во тенис. Ова откако Александер Зверев кој ја бранеше титулата од Токио, е елиминиран во четвртфиналето на игрите во Париз.

За тоа се погрижи Лоренцо Мусети, кој во четвртфиналето со 7-5 и 7-5 го Германецот, Зверев.

Така во полуфиналето Мусети за противник ќе го има подобриот од мечот Новак Ѓоковиќ – Стефанос Циципас, чиј старт е закажан за 19.30 часот.

А, меѓу четворицата најдобри во Париз, пласман обезбеди шампионот од Вимблдон, Карлос Алкараз. Младиот Шпанец, беше подобар од Американецот, Томи Пол во два сета со 6-3 и 7-6 (9:7).

Противник на Алкараз ќе биде победникот од мечот меѓу Норвежанецот, Каспер Руд и Канаѓанецот, Феликс Огер-Алијасиме.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА