На Европското првенство за кошаркари до 18 години („Б“ дивизијата) во Скопје денеска е слободен ден.
Машката јуниорска репрезентација на Македонија, со пет победи на исто толку одиграни натпревари како првопласирана, во Ц групата, обезбеди четвртфинале.
Првичната цел е исполнета, но сега избраниците на селекторот Горан Андреевски ги очекува потешката задача. Во конкуренцијата на осумте најдобри црвено-жолтите ќе се обидат да стигнат до двете позиции кои водат во „А“ дивизијата.
Тоа нема да биде нималку лесно, бидејќи сега во конкуренција се далеку поквалитетни противници.
Прв предизвик за македонските јуниори ќе биде селекцијата на Португалија.
Доколку успеат да ги минат Португалците, во полуфиналето македонските надежи би играле со подобриот од дуелот Швајцарија – Бугарија.
Четвртфиналната рунда започнува утре, а натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ ,;Кале”.
Македонија својот натпревар ќе го игра во Кале од 18.30 часот.
ЕП (Б дивизија) МАЖИ ДО 18 ГОДИНИ – Скопје
ЧЕТВРТФИНАЛЕ
18;30 МАКЕДОНИЈА – ПОРТУГАЛИЈА
18:30 ЦРНА ГОРА – ПОЛСКА
21:00 АВСТРИЈА – ЧЕШКА
21:00 ШВАЈЦАРИЈА – БУГАРИЈА