Тенискиот клуб Југ е старо-нов шампион на Македонија, откако во финалето денеска го совлада тимот на Поинтер со убедливи 5:0. Ова е уште една титула за Југ во низата со што го прави најуспешен спортски колектив во тенискиот спорт, а воедно и за најуспешен клуб со најмногу освоени шампионите титули во спортовите во Македонија.

Југ во финалето со убедливи 5:0 (пет победи во сингл) го совлада Поинтер. Тимот на Поинтер денеска настапи без двајцата најдобри играчи Горазд Србљак и Обрад Марковски, па и од таа причина изостана неизвесноста во конечниот резултат.

За разлика од финалето дуелот за третото место заврши со победа од 4:3 за Неготино против МТП, што беше знак дека беа одиграни сите мечеви, а победникот беше решен по одигрувањето на двата меча во двојки.

ФИНАЛЕ: ЈУГ – ПОИНТЕР 5:0

Петар Нестеров – Максимилијан Алексовски     2-0 (60 61)

Шендрит Деари – Михаил Кусески предадено повреда Кусески

Берк Бугариќ – Петар Џугоманов      2-0 (60 61)

Кристијан Јанев – Илија Мартиноски    предадено повреда Мартиноски

Максим Тренески – Бојан Кировски     2-0 (61 62)

3.место: НЕГОТИНО – МТП    4:3

Стефан Мицов – Дамјан Домазетовски     2-0 (60 61)

Иван Манасов – Матеј Арсов      2-0 (60 60)

Елведин Пепиќ – Албан Шабани   2-0 (64 62)

Васко Здравкин –  Виктор Сушелски    0-2 (16 26)

Андреј Тасевски – Салидин Рама      0-2 (46 57)

Мицов/Тасевски – Амар Хусеиновиќ/Домазетовски    0-2 (36 26)

Манасов/Пепиќ – Сушелски/Шабани      2-0 (64 62)

Од утре (четврток) на терените на ТК Југ во Градски парк стартува државното првенство во поединечна конкуренција.