139-тото издани на Вимблдон завршува денеска со финалето во машка конкуренција. За трофејот како и лани ќе се борат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз.
Немаше кој не го посакува ова финале, бидејќи ланската пресметка на Ѓоковиќ и Алкараз донесе „атомски“ тенис. По повеќе од четири часа, младиот Шпанец стигна до својот прв трофеј на неофицијалното Светското тениско првенство.
„Полесно е да се освои отколку одбрани трофејот“ е синтагмата која важи речиси во секој спорт.
Тоа сигурно го знае Алкараз кој најави дека денеска ќе биде исклучително тешко бидејќи Ѓоковиќ ќе игра многу помотивирано.
Ѓоковиќ кој досега има одиграно 37 финални натпревари на Гренд слем турнирите, освои 24 трофеи. На Вимблдон, Србинот го игра деветтото финале, во кое атакува на за 8 трофеј, колку што има Роџер Федерер.
Алкараз ќе го игра само третото финале на турнирите од големата четворка (Гренд слем). Досега младиот Шпанец, е перфектен бидејќи во трите финални настапи стигна до трофеите (УС Опен 2022, Вимблдон 2023, Роланд Гарос 2024).
Дали искуството или младоста на крајот ќе пресуди останува да видиме по мечот што ќе почне од 15 часот.
Во продолжение потсетување на најинтересните моменти од ланското финале.