Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ продолжува да руши рекорди. Тој оваа недела е број 1 или вкупно 377 недела како најдобар тенисер на светот. Единствениот кој може да го загрози е Шпанецот Карлос Алкараз. Тој оваа недела настапува на турнирот во Рио де Женеиро (мечот од првото коло со Алвеш при водство од 6-4 и 5-3 е прекинат) и доколку победи со Ѓоковиќ ќе имаат ист број поени.
Двајцата тенисери неделата би ја завршиле со 6.980 поени, што би значело дека на Алкараз ќе му недостасува еден за да го мине Ѓоковиќ. Ова од причина што при ист број поени првин се „гледаат“ поените освоени на Грен слем турнирите, потоа на тие од Мастерс 1000 серијата и Завршниот Мастерс. Во тој случај Ѓоковиќ има 5.820 поени, а Алкараз 5.090. Воедно и Шпанецот има настапи на повеќе турнири.
Како и да не очекува интересна година во светскиот тенис особено што на почетокот Алкараз поради повреда не настапуваше, а сега Ѓоковиќ.