По настапот на Вимблдон во квалификациите најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа постигна победа во мечот од првото коло на фјучрсот W75 Рим. Таа беше подобра од швајцарската тенисерка Леони Кунг со 2-0 во сетови (6:3 и 6:1) за 69 минути игра. Противничка во следната рунда ќе и биде победничката од мечот Кристина Дину (Романија) и Миа Ристиќ (Србија).
Карактеристика на мечот беше тоа што првиот гем во двата сета и припадна на Кунг, но тоа не беше пречка за македонската тенисерка да стигне до победата. Во првиот сет Кунг во првиот гем го направи и единствениот гем во мечот, додека Ѓорческа имаше пет брејка од девет можности. По водството на швајцарската тенисерка Ѓорческа направи ри-брејк, а по 2:2 во првиот сет успеа да освои три гема во низа и предноста од 5:2 ја зачува до крајот на сетот што го доби со 6:3.
Во вториот сет по водството на Кунг од 1:0 во гемови, Ѓорческа направи серија од шест гема и сетот го заврши со 6:1 што беше знак за пласман во следната рунда.