Новак Ѓоковиќ е последниот осми патник во четртфинлето на Вимблдон. Српскиот тенисер ,многу лесно во осминафиналето го победи Данецот, Хогер Руне.

До своето 15-то четвртфинале на Вимблдон, Ѓоковиќ стигна по само 2 часа и 5 минути игра во три сета.

Во првиот Новак на Рине му препушти три, а во вториот четири гема. Затоа пак во третиот Данецот освои само два гема (6-3, 6-4 и 6-2).

Ѓоковиќ кој е втор носител вна Гренд слемот во Лондон, за место во полуфиналето ќе игра против Алекс де Минаур од Австралија.