Младиот шпански тенисер Карлос Алкараз е победник од Гренд слемот во Париз „Роланд Гарос“.
Во спектакуларното финале што траеше 4 часа и 20 минути, Алкараз во пет сета (3-2) беше подобар од Германецот, Александер Зверев.
21-годипниот Шпанец, го доби првиот сет со 6:3, но го загуби следните два со 2:6 и 5:7. Сепак тоа не го поколеба во намерата и желбата да стигне до третиот трофеј од „големата четворка“.
Во четвртиот и петтиот сет Алкараз одлична фантастично и на Зверев му препушти само три гема (6:1 и 6:2).
За Алкараз ова е трет трофеј од Гренд слем турнирите, прв во Париз. Тој во 2022-ра победи на УС Опен, а лани на Вимблдон во финалето го совлада Новак Ѓоковик.
Со овој триумф и Алкараз ќе го мине Србинот на новата АТП листа што ќе биде објавена утре. На неа за прв пат во кариерата на врвот ќе биде Јаник Синер кој беше елиминиран од Алкараз во полуфиналето.