Во СЦ „Кале“ во Скопје викендов ќе се игра завршниот „фајнал-фор“ турнир во машката кадетска кошаркарска конкуренција.

Екипи, Вардар, МКК Куманово, Водно Санс и Работнички ќе се борат за шампионскиот пехар во конкуренција на кошаркари до 16 години.

Денеска на програмата се двата полуфинални натпревари.

Во првиот, точно на пладне, од 12 часот ќе ќе играат екипите на Вардар и на МКК Куманово. За второто место во неделното финале од 14.30. часот ќе разигруваат екипите на Водно Санс и Работнички.

Во истите термини, утре (недела) ќе се играат натпреварите за медали. Оној за бронзениот медал ќе се игра во терминот од 12 часот, а финалето ќе почне од 14.30 часот.

Денешните полуфинални натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.