Четворица македонски тенисери денеска ќе бидат дел од учесниците во извлекувањето за „костурот“ од квалификациите на „Македонија Опен 2024“.

Нив ќе ги предводи искусниот Димитар Грабул актуелниот македонски првак. Утре во првото квалификациско коло ќе се појават и Шендрит Деари, ланскиот финалист од државното првенство и младите Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ. Ова пред се за Хусеиновиќ треба да биде одлична можност да почувствува настап на еден турнир од повисок ранг.

Во квалификациите ќе се појават вкупно 24 тенисери. По двете одиграни кола во недела и понеделник, шестмина од нив ќе изборат пласман во главниот турнир.

Што се однесува до главниот турнир ќе настапат 32 тенисери во поединечна конкуренција, како и 16 двојки на турнирот во парови.

Попладнево ќе биде познат костурот за квалификациите и распоредот на мечевите за првиот ден (недела 19 мај).