Иако изминативе денови излезе информацијата дека капитенот на Партизан, Кевин Пантер летово ќе го напушти клубот, дојде демант за тоа.

Неговиот агент Харис Пападопулос ги отстрани сите дилеми посочувајќи дека Пантер ќе остане во Партизан.

„Веднаш да појаснам, ова е чиста глупост.
Кевин Пантер има валиден договор со  Партизан и ќе остане таму.
Нема сомнеж во тоа“, изјави Пападопулос.

Тој додаде дека веста е обид да се привлече внимание.

„Не знам што да ви кажам, некој сакаше да го зголеми посетеноста на порталот за време на празниците, па веројатно решија да ја објават таа вест“, дополни Пападопулос.