Торинскиот гигант, Јувентус игра очајна сезона во евро-куповите, а по елиминацијата од Лигата на Шампионите, лошата форма и игра ја преслика и во Лигата на Европа, каде на домашен терен против Нант одигра само 1-1.
Меѓутоа голема полемика се крена во финишот на натпреварот кога во 97-та миnута, при нафрлена топка, дефанзивецот на Јувентус Бремер и играчот за врска Мануел Локатели беа во дуел со дефанзивec на Нант а Бремер, успеа да биде највисок во тој дуел и да упати удар со глава.
Топката која најверојатно ќе завршеше во противничкиот гол беше блокирана од противничкиот дефанзивец со рака.
Прегледувањето на ситуацијата траеше долго, за на крај ВАР и главниот судија, Жоао Пинеиро досуди фаул во напад од страна на играчот на Јувентус.
Тимот на Јувентус жестоко реагираше а реакциите во Италија не стивнуваат ниту денес. Дали беше фаул или пенал останува дилема