Ноќеска во НБА лигата беа одиграни само три средби.

Вице-шампионот Милвоки забележа победа на гостувањето во Чикаго кај „Булси“ со 112-100, но во редовите на „Бакси“ се во паника.

Имено по нецели две минути игра во вториот период нивниот најдобар играч Јанис Антетокумпо при обид да блокира противнички играч се здоби со повреда на зглобот на десната рака, по што го напушти теренот. Првичните информации од рендгенската снимка велат дека нема скршеница, но ќе мора да се направат дополнителни снимки и да се утврди тежината на повредата, а потоа и евентуалниот период на отсуство на Гркот. Од тоа ќе зависи и дали Антетокумпо ќе настапи на Ол-стар викендот.

Инаку Јанис за пред да го напушти теренот веќе оствари и клупски рекорд. Со трите успешни додавања, тој стана најдобриот асистент во историјата на „Бакси“.

Што се однесува до натпреварот, Брук Лопез со 33 поени и 7 скокови ги предводеше „Бакси“ до 12-тата последователна победа, вкупно 41-ва сезонава.

Пол Џорџ и Теренс Пан постигнаа по 26 поени во победата на ЛА Клиперс со 116-107 ма гостувањето во Феникс, во чии редови не настапи новото засилување Кевин Дурант, па Нигериецот, Окоџи со 24 поени беше најефикасен играч. Со овој резултат двата тима сега ги сменија местата на табелата па „Клиперси“ се на 4-тото, а „Санси“ на 5.место во западната конференција.

Во последниот натпревар. Бредли Бел со 35 поени, еден повеќе од Ентони Едвард ја доби „личната пресметка“, а со тоа и неговиот тим Вашингтон славеше на гостувањето кај Минесота со 114-106.