Екипата на Мајами го покажа целиот свој шутерски капацитет и дојде до израмнување на четвртфиналната серијата со Бостон. „Хитси“ славеа со 101:111 и со 1-1 во победи ќе ги продолжат следните два натпревари на домашен терен.
Мајами го „растури“ тимот на „Селтикс“ со тројки и постигна дури 23. Тоа е рекорд на тимот, кога в прашање е натпревар од плејофот. Претходниот рекорд од 20 тројки беше постигнат против Милвоки во 2021 година.
Гостите погодија 23 тројки од 43 обиди. Ги предводеше Тајлер Херо со 24 поени, 14 асистенции и пет скока. По 21 поен постигнаа Кејлеб Мартин и Бам Адебајо кој додаде и десет скокови.
Најдобар стрелец на натпреварот и во поразената екипа беше Џејлен Браун со 33 поени и осум скока, додека Џејсон Тејтум постигна 28 поени.
Првопласираната екипа во Западната конференција Оклахома лесно стигна до втората победа над Њу Орлеанс. „Тандерси“ славеа со 124:92 за водство од 2-0.
Оклахома шутираше одлично за тројка и погоди 14 од 29 обиди, а воедно го задржа противникот на само осум офанзивни скока.
Првото име на победничката екипа беше Шаи Гилиус Александер со 33 поени и пет асистенции. Чет Холмгрен додаде 26 поени и седум скока, а Џејлен Вилијамс заврши 21 поен
Најдобар играч на поразениот тим беше Литванецот, Јонас Валанчиунас со 19 поени и седум скока, а Брендон Инграм и Херберт Џонс додадоа по 18 поени.
Следните два натпревари во серијата подобар до четири победи ќе се играат во Њу Орлеанс.