Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот во поединечна конкуренција на ИТФ фјучрс турнирот W75 Копер. Поуспешна од неа во 2.коло беше Дебора Киеса од Италија во два сета. Мечот што траеше час и 46 минути Киеса го дови со 6:4 и 6:4. Ова за Киеса е втора победа над Ѓорческа во неколку месеци.
Трите брејка на Италијанката се покажаа решавачки за победата, бидејќи Ѓорческа имаше само еден брејк.
Во првиот сет македонската тенисерка имаше постојано водство од еден гем се до резултатот 4:3 во гемови. Тогаш ривалката успеа да изедначи, а потоа и да направи брејк во 9.тиот гем што се покажа како клучно, а сетот го освои со 6:4. Вториот сет Италијанката почна со водство од 2:0 во гемови. Тоа го одржуваше и потоа дојде до резултат од 5:2. Лина успеа да освои два гема по ред, но немаше можност за пресврт во сетот, кој заврши со 6:4 за Киеса.
За пласманот во второто коло Ѓорческа ќе освои 9 поени.
Нашата тенисерка денеска треба да одигра и меч во конкуренција на двојки. Лина заедно со Романката Кристина-Андреа Миту во четвртфинале за противнички ги имаат Ивана Себестоба од Чешка и Анастасија Константиновна Соболева од Украина. Одригувањето на мечот е неизвесно од причина што денешната програма поради дожд е прекината.