По возбудувања во Лигата на шампионите на ред се оние во Лигата на Европа.

Вечерва ќе се играат реванш четвртфиналните натпревари по кои ќе ги добиеме екипите полуфиналисти.

Најблиску до ТОП 4 е италијанската Аталанта кое неочекувано убедливо го доби Ливерпул на првиот натпревар на ,,Енфилд”.

Солидна предност од два гола ќе има и новиот германски шампион Баер Леверкузен. ,,Фармацевтите” ќе гостуваат во Англија кај Вест Хем.

Затоа пак, супер неизвесно ќе биде во Рим и Марсеј. Иако Рома и Бенфика ќе сторуваат со гол предност, Милан и Олимпик сигурно нема да се откажат од трката за полуфинале.

Сите натпревари ќе почнат во терминот од 21.часот

УЕФА ЛИГА ЕВРОПА
ЧЕТВРТФИНАЛЕ – реванш

РОМА – МИЛАН (1-0 прв натпревар)
АТАЛАНТА – ЛИВЕРПУЛ (3-0)
МАРСЕЈ – БЕНФИКА (1-2)
ВЕСТ ХЕМ – БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН (0-2)
*сите натпревари се почнат од 21.часот