Најдобрите македонска фудбалска репрезентација денеска го почнува новиот циклус на натпревари во УЕФА Лигата на Нациите.

За првпат македонските фудбалери ќе играат во втората квалитативна „Б“ конкуренција од ова натпреварување.

Прв противник на Македонија во групата 1 ќе биде репрезентацијата на Швајцарија .

Швајцарците важат за фаворит во нашата група во која се уште и репрезентациите на Словенија и Шкотска, против кои Македонија ќе игра редоследно .

Јасно е дека за избраниците на селекторот Гоце Седлоски вечерва претстои голем предизвик .

„Од сите играчи сум презадоволен. Сите четири тренинзи ги одработија максимално и знаат што треба да работат на терен. Против секој противник треба да се игра, па така и против силната Швајцарија.

Знаеме каков ростер имаат, но сакам да размислуваме пред се за нас. Сите наши фудбалери се здрави и тренираат добро, освен Николов кој нема да настапи. Со помош на публиката верувам дека можеме до позитивен резултат. Очекуваме голема поддршка од трибините, а наше е да прикажеме добра игра“, изјави Седлоски.

Дуелот меѓу Македонија и Швајцарија ќе се игра во Скопје на арената „Тодор Проески“ ќе почне во од 20.45 часот. Во истиот термин во Љубљана ќе играат Словенија и Шкотска.

ЛИГА НА НАЦИИ 2026 | МАКЕДОНИЈА by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА