Ракометарите на Охрид и Еурофарм Пелистер ја оправдаа фаворитската улога во денешните натпревари од четвртото коло во супер лигата. Тие славеа победи во дуелите против Бутел односно вториот состав на Еурофарм Пелистер.

Братскиот дуел во Битола заврши со очекуван триумф на првиот тим. Избраниците на Лино Червар ги совладаа оние на Бранче Ангеловски со 35-24.

Во вториот денешен натпревар одигран во Охрид истоимената домашна екипа го победи Прилеп убедливо со 34-18. За прилепчани тоа е првиот пораз во новата сезона.

За двата тима тоа беше нивната трета победа единствениот реми исход го имаа во меѓусебниот дуел. Во моментов Охрид и Еурофарм Пелистер се на првите две позиции на табелата со бот повеќе од Алкалоид и Вардар кој пак досега имаат максимални три победи.

Сепак скопските екипи своите натпревари од ова коло ќе ги играат утре и задутре, па за очекување е тие повторно да се вратат на првите две позиции.

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б