МЗТ Скопје Аеродром влегува во новата сезона со јасна цел, уште на стартот да се бори за трофеј.
Првата можност е во Суперкупот „Драган Василов – Цевка 2026“, што ќесе игра во Куманово. Актуелниот освојувач и бранител на овој трофеј, МЗТ Скопје ќе се соочи со домашната екипа на МКК Куманово.
Капитенот на МЗТ Скопје Аеродром, Дамјан Стојановски, очекува тимот да покаже енергија и квалитетна игра во одбраната. Тоа според него ќе бидат меѓу клучните фактори за исходот на натпреварот.
„Новата сезона, во која имаме голем број на обврски, ја започнуваме овој викенд со натпреварот од Суперкупот.
Полека се подготвуваме за тоа и мислам дека сè ќе зависи од нас. Од нашата енергија, пред сè, и од играта во одбраната.
Мислам дека ќе се прикажеме во добро светло и дека ќе победиме“, вели капитенот на МЗТ Скопје Аеродром“, вели капитенот на МЗТ Скопје.

За Стојановски и неговите соиграчи, Суперкупот ќе биде првиот официјален предизвик во сезоната и можност со освоен трофеј.
Дуелот меѓу МЗТ Скопје и Куманово ќе се игра утре од 18 часот во Куманово


































