Со двата натпревари што ќе се играат вечерва, во кошаркарската Евролига започнува разигрувањето.
За прв пат во ова европско натпреварување се воведува така наречен плеј-ин. Екипите што завршија од 7 до 10 место на табелата, сега ќе разигруваат за место во плејофот.
Израелскиот Макаби и шпанска Басконија ќе играат за седмата позиција, а победникот во четвртфиналето за противник ќе го има Панатинаикос.
Поразениот тим од натпреварот што ќе се игра во Белград ќе има уште една шанса. Тој ќе игра за осмото место и тоа со подобриот од дуелот меѓу Анадолу Ефес и Виртус Болоња, што вечерва ќе се игра во Истанбул. Дури по дуелот за осмото место, актуелниот шампион Реал Мадрид кој заврши како првопласиран ќе го дознае својот противник за четвртфиналето.
Во него пак, веќе се познати два пара. Барселона и Олимпијакос, односно Монако и Фенербахче ќе бркаат три победи кои ги водат на завршниот „фајнал-фор“.
ЕВРОЛИГА ПЛЕЈ-ИН
19.00 МАКАБИ ТА – БАСКОНИЈА за 7.место
20,00 АНАДОЛУ ЕФЕС – ВИРТУС БОЛОЊА *за 8.место
*За 8.место победникот од Анадолу Ефес – Виртус Болоња и поразениот од Макаби ТА – Басконија
ПЛЕЈ-ОФ ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕАЛ МАДРИД – против 8-мо пласираниот тим
БАРСЕЛОНА – ОЛИМПИЈАКОС
МОНАКО – ФЕНЕРБАХЧЕ
ПАНАТИНАИКОС – победник од Макаби ТА / Басконија