Спортскиот свет почна да одбројува до стартот на Олимписките игри во Париз. Остануваат уште 101 ден до почетокот на најголемиот светски спортски настан, Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Париз.

Со свечената церемонија на „Олимп“ денеска „блесна“ олимпискиот оган, еден од симболите на олимпиското движење.

Во наредните 10 дена, а огнот ќе помине 5.202 километри низ Грција, по што на 26 април, во Атина ќе му биде предаден на организаторот, домаќинот на игрите Париз.

На 31-вите ЛОИ во Париз, ќе настапат преку 10.000 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 32 спортови. Свеченото отворање е закажано на 26 јули на „Стад де Франс“ а затворањето е на 11 август.