Кошаркарите на партизан го добија лутиот ривал црвена ѕвезда во локалното белградско дерби во Евролигата. „трилер“ натпреварот од 7.коло во елитната конкуренција им припадна на црно-белите со 85-82 по дополнителните пет минути.
Црно-белите доминираа на паркетот и уште од самиот старт ја наметнаа својата препознатлива игра. Натпреварот го отворија со силна серија и брзо водство од 7:0. Веќе во четвртата минута Партизан стигна до двоцифрена предност, а го доби првиот период со десет поени разлика. Домаќините продолжија во ист ритам и во втората четвртина. На полувреме заминаа со сигурни и убедливи 14 поени позитива.
Usual Jones bucket #MotorolaMagicMoment @Moto I @PartizanBC https://t.co/OFmdKVh2JF
— EuroLeague (@EuroLeague) October 22, 2026
THAT is how you get the house going #RivalrySeries https://t.co/qqHYSE9hFp
— EuroLeague (@EuroLeague) October 22, 2026
Второто полувреме домаќинот го почна со нова серија за највисока предност од 18 поени разлика. Тука сите помислија дека до крајот се е решено освен гостинските кошаркари. Црвено-белите На 75 секунди до крајот успеаја да го израмнат резултатот на 75-75. На спротивната страна домаќините не реализираа четири слободни фрлања. Двата Тима имаа по две шанси за победа во регуларниот дел, но не ги искористија, па затоа се заминаа во продолжение.
Во дополнителните пет минути Црвена звезда имаше четири поени предност, но не успеа да ја сочува. Со тројката на Пајола, Партизан поведе со 85-82 на 17 секунди пред крајот. Црвено0-белите имаа напад за израмнување, но обидот на Џонс беше не прецизен.
Оваа победа донесе огромна радост за популарните „Гробари“ на трибините, но и самите играчи на црно-белите.
На овој начин Партизан успешно ја прекина негативната низа од три последователни порази. Истовремено, црно-белите ја запреа успешната серија на лутиот ривал од четири триумфи едноподруго.





































