Српско-израелскиот двомечот 26.коло во кошаркарската Евролига заврши со по една победа за екипите кои беа домаќини.

На натпреварот одигран во Белград, Црвена Звезда го совлада Хапоел со 87-75.
До петтата победа во низа црвено-белите стигнаа со одличната игра во последниот квартал што го добија убедливо со 25-6.
За Хапоел кој е четврто рангиран на табелата ова беше само деветти пораз сезонава, а Црвена Звезда со шеснаесеттата победа се проби на седмата позиција.

Во Тел Авив пак, се радува кошаркарите на Макаби, кои со кош со звук на сирената го поразија Партизан со 95-93.

Црно-белите може да жалат, бидејќи одиграа лошо во самата завршница. Имаа кошаркарите на Партизан речиси добиен меч, но во последните триесетина секунди прокоцкаа се. Џими Кларк со кош со звукот на сирената, му го донесе единаесеттиот триумф на Макаби. Партизан го претрпе 18-тиот пораз.

Следете нé на социјалните мрежи